Во наредниве неколку месеци Tихоокеанската флота ќе добие три брода наоружани со ракетен систем „Калибар“. Ова го најави командантот на флотата, адмирал Сергеј Авакјанц.
Според него, оваа година во арсеналот на Тихоокеанската флота ќе се појави корветата од проектот 20 380 „Алдар Циденжапов“. Таа ќе биде третиот брод од овој проект што го поседува флотата. Екипажот веќе пристигна во Комсомолск на Амур, така што веднаш по задолжителниот карантин ќе следи примопредавање на корветата. Таа е сега практично готова и се наоѓа покрај молот за завршни работи во Амурското бродоградилиште.
„Флотата ќе ја добие и корветата од новиот проект „Гремјашчи“. Тој воен брод ќе има современ систем за ПВО „Редут“, а исто така и крстосувачки ракети „Калибар-НК“ и противподморнички систем „Пакет“, истакна Авакјанц.
Во втората половина на годината треба да започне и тестирањето на модернизираната фрегата „Маршал Шапошников“, најпрвин во бродоградилиштето, а потоа и на отворено море, додаде тој.
„Важно е дека таа сега претставува спој на противподморнички брод и носач на високопрецизни крстосувачки ракети. Јас редовно го посетувам бродот во „Даљзавод“, каде што се вршат работите, и можам да потврдам дека предвидените рокови се почитуваат во целост“, изјави командантот на Тихоокеанската флота.
Знамето оваа година ќе биде подигнато и на современиот морски миноловец „Јаков Балјаев“, кој исто така ќе ѝ биде предаден на флотата. Тоа е во руската воена морнарица петтиот по ред основен миноловец од проектот 12 700 „Александрит“ и првиот миноловец од овој проект што ќе се користи во Тихиот океан. Бродот ѝ припаѓа на новата генерација бродови за противминска одбрана затоа што има уникатен труп од монолитна стаклопластика и проширени функционални можности.
Командантот на флотата исто така ги соопшти најновите вести за работите на изградба на шест големи дизел-подморници од проектот 636.3. Тие, меѓу другото, ќе бидат наоружани со крстосувачки ракети „Калибар“ и значително ќе ја зајакнат подводната компонента на Приморската флотила на разнородни сили, уверен е Авакјанц.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче