Повеќенаменската нуклеарна подморница „Казањ“ (од проектот 885М „Јасен-М“) ќе влезе во состав на руската Воена морнарица во септември-октомври 2020 година.
Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на изјава на раководителот на Обединетата корпорација за производство на пловила Алексеј Рахманов.
Изградбата на подморницата почна пред 11 години. Пролетта 2017 година подморница беше спуштена во вода.
Подморниците од оваа класа се градат за извршување на најразлични задачи. Тие можат да се борат со површински бродови и непријателски подморници и да вршат напади врз објекти на копно.
Една од најважните тактички предности на подморниците е нивната слаба забележливост. Подморниците од проектот 885М произведуваат минимум бучава, што ги прави практично невидливи за специјалните инструменти за нивно детектирање.
Ова е првата подморница од овој модел на која се применети најновите системи за управување. Главно вооружување на овие подморници се ракетите „Калибар“ и „Оникс“, а се планира и подморниците да бидат опремени со хиперсонични ракети „Циркон“.
Во моментов е во тек изградба на пет подморници од овој тип. Минатата година беше склучен договор за изградба на уште две подморници од проектот 885М.
Како што претходно објавија руските медиуми, подморницата „Казањ“ во 2019 година успешно ги помина тестирањата, во текот на кои испука две торпеда врз подводни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче