Патник во автомобил без возач на „Јандекс“.
Комсомольская правда/Global Look PressЗа ова пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на „патната карта“ подготвена од „Сбербанк“ и „Јандекс“ со учество на компаниите ГАЗ и КамАЗ.
Со планот за развој е предвидено проширување на можностите за тестирање на автономни возила. Конкретно, тестирањето на затворени територии ќе се врши без присуство на човека во кабината. Предложено е и да се одобри експлоатација на роботизиран превоз за комерцијални цели, т.е. за такси услуги, но со оператор на совозачкото место.
Планирано е, исто така, до крајот на годината да се подготват и усвојат препораки за процедура на истрагата на сообраќајни несреќи во кои учествуваат автоматизирани возила. Во план е и создавање на најмалку две пробни зони покриени со 5G мрежа за тестирање автомобили без возач.
Доколку се испочитува планот, веќе во 2021 година треба да биде донесен закон за експлоатација на превозни средства без возач и тогаш роботизираните возила во пробен режим веќе ќе можат да даваат комерцијални услуги. До крајот на 2022 година пробната експлоатација треба да премине во режим на стандардно функционирање.
Главниот стручњак на Научно-техничкиот центар за автономни системи на компанијата КамАЗ Дмитриј Чикрин се пожали во октомври 2019 година на тоа дека автомобилите без возач засега не можат слободно да сообраќаат по руските јавни патишта поради несовршенство или инертност на нормативната база. Според неговите зборови, засега е ризично да се пуштаат автомобилите на улица. „Луѓето сé уште не се навикнати на автомобили без возач. Ако патнички автомобил самиот удри во камион без возач, ќе биде виновен (производителот на автономниот камион – заб. на. уред.) КамАЗ“, рече Чикрин.
Според националниот проект „Дигитална економија“, планирано е во Русија до крајот на 2024 година барем тројно во однос на 2017 година да се зголемат интерните трошоци за развој на дигиталната економија за сметка на сите извори (пропорционално според уделот во бруто домашниот производ).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче