Грузовикус - руски „терминаторски“ концепт на шлепер без возач (ФОТО)

Овој шлепер изгледа како да му се потребни вашата облека, чевлите и мотоцикл и дека на крај ќе ви каже „Аста ла виста, бејби!“. Се вика Грузовикус и во него нема место за возач. Се работи за најновиот концепт на автономен шлепер.

Наместо вообичаената кабина, возилото во предниот дел има панел со голем екран зад кој се кријат камери, сензори и други делови од автопилотскиот систем.

Шлеперот ќе може да носи тешки товари, но бидејќи се работи само за концепт на уметничкото студио на Артемиј Лебедев, не се објавени никакви технички карактеристики.

„Обичниот шлепер изгледа како лудачка цигла на патот, има ужасно лоша аеродинамика“, се вели на сајтот на студиото. „ Грузовикус напред има заоблен екран која ја дели воздушната струја што надоаѓа, штитејќи ги бочните страни од нечистотија и ставајќи го оптоварувањето на предната оска, со што се зголемува стабилноста на возилото“.

Според податоците објавени на сајтот на компанијата, шлеперот би требало да ги намали трошоците за транспорт на стоки, бидејќи нема потреба од пауза ниту од плата кои се потребни за возачите. Грузовикус исто така е еколошко возило, бидејќи се движи на електрична енергија.

Ова е сè уште само концепт, но дизајнерите се надеваат дека во блиска иднина ќе стане реалност, кога ќе биде направена инфраструктура за автономни возила и ќе се решат сите придружни прашања.

Руските инженери веќе неколку години работат на развој на автономни камиони. На пример, КамАЗ ги тестираше своите камиони без возач уште во 2015 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња