Ова го соопшти градската информативна агенција „Москва“ повикувајќи се на заменик-раководителот на Центарот за управување со компетенциите на вработените во МАДИ за паметни транспортни системи Андреј Воробјов.
„Главната одлика на новиот автомобил, за разлика од неговите претходници, е тоа што може да разменува информации со паметни патни системи“, објасни Воробјов.
Засега тестирањето се врши на едно возило, а до есен е планирано да се вклучи уште едно. Возилото е обележано со буквата „А“ со која е означено Автономно возење и има ротирачки светло со жолта боја.
На почетокот на оваа година возила без возач на руската ИТ-компанија „Јандекс“ поминаа серија тестирања на улиците на американскиот град Лас Вегас во рамките на подготовките за саемот на потрошувачка електроника Consumer Electronics Show.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче