„Со еден плотун уништува цело село“: Кинезите сметаат дека ова е најстрашното руско оружје

marsonline
Според новинар на Sina, најстрашното оружје што го поседува руската армија е тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А „Сонцепјок“. Кинезите сметаат дека овој систем може да „уништи цело село за помалку од седум секунди“.

Боевите можности на овој систем, кој влегол во вооружувањето на руската армија пред повеќе од десет години, уште долго ќе останат ненадминати, сметаат Кинезите.

„Во овој момент другите земји немаат ништо слично во своето вооружување кое би можело да се спротивстави на руското орудие“, напоменува авторот на кинескиот медиум Sina.

Основни повод за конструкција на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А беше военото искуство стекнато за време на битката за Грозни (Чеченија), каде што руската армија претрпе големи загуби во уличните борби. Во борбените операции што се одвиваат во урбана средина, учеството на оклопната борбена техника е отежнато поради тесниот простор и големиот број на огнени точки кои се наоѓаат во станбените единици, а кои масовно ги користи потенцијалниот непријател.

ТОС-1А се базира на тенковска шасија и има голема мобилност. На оклопен гасеничар е монтиран повеќецевен лансер кој се состои од 24 ракети кои можат да се лансираат за само 7 секунди. Според кинески извори, ефективниот дострел на ракета лансирана од „Сонцепјок“ достигнува 12000 метри, што е неспоредливо со дострелот на фрлач на пламен кој се наоѓа на специјална верзија на тенк, а кој максимално изнесува 200 метри.

„Ракетите што ги користи ова орудие имаат два типа на боеви глави: запаливи и термобарични. Кога ракетата со запалива боева глава паѓа на целта, доаѓа до контакт на запаливата смеса и воздухот, поради што доаѓа до нејзино експлозивно активирање. При активирањето на оваа смеса брзо се создава пламен облак со огромна температура кој го вшмукува целиот кислород околу себе. Ова е особено смртоносно против непријателската жива сила, која има ниту време ниту, пак, можност да се заштити од ваков напади“, се напоменува во материјалот.

Погледнете го видеото: Како дејствува „Сонцепјок“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња