„Национален Интерес“: Сирија покажа дека рускиот Т-90С е отпорен на американските ракети TOW

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Владимир Астапкович/Sputnik
Ова воопшто не е лош податок, особено кога станува збор за извозната верзија на тенкот Т-90. Врз основа на овие показатели руската воена индустрија ги проширува своите пазари во земјите на просторот на Азија и Африка и ги потиснува западните производители.

Покрај високото ниво на сигурност, едноставноста на изработката и достапноста, руската извозна верзија на тенкот Т-90 се одликува и со сериозно ниво на оклопна заштита која е непремостлива за голем број противтенковски наведувани системи, вклучувајќи го тука и американскиот BGM-71 TOW. Тоа е демонстрирано во реални борбени услови во Сирија.

Имено, американската наведувана противтенковска ракета TOW не успеа да ја пробие оклопната заштита на тенкот, кој е заштитен со плочи за динамична заштита „Контакт 5“, пренесува веб-порталот РГ.

„Тоа воопшто не е лошо за извозната верзија на овој тенк“, констатира авторот на текстот што е објавен на сајтот „Национален Интерес“. Овој тенк претставува еден од најголемите адути на руската воена индустрија кога е во прашање извозот. Наместо да се концентрира на продажба на нови типови вооружување, Русија се насочи кон модернизација на постојните решенија врз проверени борбени платформи (семејството тенкови Т-72 и Т-90).

Борбените искуства кои на територијата на Сирија супериорно ги демонстрираше рускиот основен борбен тенк Т-90, решавачки влијаеја на воениот и политичкиот врв на Ирак цврсто да се определи за рускиот тенкови, поточно за извозната верзија Т-90С. Со овие тенкови комплетно ќе биде опремена 35 тенковска бригада на 9 тенковска дивизија на ирачката армија која во својот состав имаше американски тенкови „Абрамс“.

„Оваа стратегија очигледно има успех: основните борбени тенкови Т-90 како и модификациите кои се базирани на него, во големи количини се извезени во Алжир, Азербејџан, Индија, Ирак, Либија, Сирија, Туркменистан, Уганда и Виетнам“, напомнува американскиот сајт.

Рускиот основен борбен тенк Т-90С во овој момент е една од најраспространетите современи борбени машини на светот. Според различни извори, во овој момент во оперативното вооружување на осум држави (не сметајќи ја Русија) има повеќе од 1700 тенкови од овој тип.

Покрај тоа, најновата модернизација на извозната верзија на тенкот Т-90МС ќе се карактеризира со зголемена мобилност на фронтот и генерална управливовст. Благодарение на ниската силуета, оптималната тежина и способноста за брзо совладување пречки, Т-90МС ќе се одликува и со висок степен на оклопна заштита и борбена жилавост.

Неодамна индиската влада договори набавка на 464 основни борбени тенкови Т-90МС за цена од 1,93 милијарди американски долари, соопшти британскиот веб-портал Janes, повикувајќи се на извори од Делхи. За овој тенк сериозно се заинтересирани Египет и Кувајт.

Т-90МС претставува извозна варијанта на длабоко модернизираниот тенк Т-90М дизајниран за потребите на руската армија. Во споредба со претходните верзии на тенкот Т-90, овој модел има попрецизен топ, потоа напредна електронска опрема која му обезбедува интеграција во единствен систем за тактичко управување, нов мотор, високопрецизна муниција (наведувани ракети кои се истрелуваат од тенковскиот топ фрагментарно-разорни гранати со далечинско активирање).

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња