Основниот борбен тенк Т-72 го произведува „Уралвагонзавод“ од Нижни Тагил (Урал). Извор: Reuters.
„Во сегментот на продажба на основните борбени тенкови Русија цврсто ја држи водечката позиција на светскиот пазар за оружје. Ова се однесува како на изминатиот четиригодишен период (2008-2011), така и на прогнозите за наредните четири години (2012-2015)“, се вели во соопштението на сајтот на Центарот за анализа на светската трговија со оружје (ЦАМТО).
Експертите на ЦАМТО прогнозираат дека во следните четири години на светскиот пазар ќе бидат продадени преку илјада нови основни борбени тенкови (ОБТ) во вредност од 5.1 милијарда долари.
Според нивните оценки до ова ќе дојде ако се почитува темпото на испорака според сегашните договори, планови и тендери. Во светот во изминатите четири години се извезени или се произведени според лиценца 1.400 нови тенкови во вредност од 9.5 милијарди долари.
Според податоците на ЦАМТО, на второ место се САД, а третото место го зазема Германија, четвртото Кина, петтото Јужна Кореја, шестото Украина, а на седмото место се наоѓа Полска.
Прогнозата за Русија е направена врз основа на фактите дека програмата со Индија, која по лиценца произведува основни борбени тенкови Т-90С, ќе биде продолжена и по завршувањето на склопувањето на првата партија од 300 тенкови (од вкупно 1000, колку што е предвидено според лиценцниот договор.
Како што истакнуваат во ЦАМТО, испораката на тенковите а периодот 2012-2015 ќе биде намалена за 33% (во споредба со периодот 2008-2011). „Само во Русија и во Украина во овој период ќе ги зацврснат своите позиции во дадениот сегмент на пазарот“, заклучуваат експертите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче