Одлична конструкција и богато воено искуство: Рускиот тенк Т-90С продолжува да го освојува пазарот

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Владимир Астапкович/Sputnik
Рускиот основен борбен тенк Т-90С во моментов е една од најраспространетите борбени машини на светот. Според разни извори, во овој момент во оперативното вооружување на осум држави (не сметајќи ја Русија) има повеќе од 1700 тенкови од овој тип.

Најмногу тенкови од овој вид има Индија. Имено, индиската армија, поточно нејзината копнена компонента, има околу 1000 тенкови од овој вид. Конкретно за оваа земја беше реализиран првиот проект за модернизација на овој тенк кој се појави во раните 90-ти. Новата извозна верзија на тенкот доби заварена купола, термовизиски нишан „Еса“, мотор од 1000 коњски сили В-92С2 и нова лента за гасениците, пренесува интернет-порталот РГ.

За време на експлоатацијата на овој тенк индиските војници забележале дека тој има исклучителна огнена моќ. Благодарение на тенковскиот топ со калибар 125 мм, кој покрај конвенционалната муниција, може да истрелува и наведувани ракети, убојноста на тенкот е значително зголемена. Не треба да се заборави ни ефикасноста на митралезот со калибар 12,7 мм, благодарение на која командантот на тенкот може да неутрализира воздушни и лесно оклопни копнени цели без да се изложува на директен непријателски оган.

Во моментов Индија го усвои лиценцираното производство на тенковите Т-90С и се очекува нивната количина да биде уште поголема.

Во последно време индиската воена индустрија се обидува да направи својот домашен тенк Arjun. Меѓутоа, судејќи според неговите први тестови и главните тактичко-технички карактеристики, индиските инженери се соочуваат со неприфатлив степен на несигурност кога станува збор за најважните сегменти кои треба да го направат тенкот функционален. Затоа треба да се очекува индиската армија да се потпре на проверените инженерски решенија на руската фабрика од Нижни Тагил и да продолжи да ги произведува тенкови Т-90С. И не само тоа...

 

Индиската влада неодамна се согласи да купи 464 основни борбени резервоари Т-90МС за цена од 1,93 милијарди американски долари, соопшти во понеделникот британскиот интернет-портал Janes, повикувајќи се на извори од Делхи.

Високите перформанси на тенкот Т-90 се покажаа во реални борбени услови во Сирија.

Не е исклучено овие тенкови наскоро да се појават и во армиите на други земји. На пример, Египет, судејќи според публикациите на локалните медиуми, е заинтересиран да го замени комплетниот возен парк составен од застарена советска техника Т-55/54 и Т-62 со најсовремената извозна верзија на Т-90МС.

Т-90МС претставува извозна варијанта на длабоко модернизираниот тенк Т-90М дизајниран за потребите на руската армија. Во споредба со претходните верзии на тенкот Т-90, овој модел има попрецизен топ, потоа напредна електронска опрема која му обезбедува интеграција во единствен систем за тактичко управување, нов мотор, високопрецизна муниција (наведувани ракети кои се истрелуваат од тенковскиот топ фрагментарно-разорни гранати со далечинско активирање).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња