Русија постави на Арктикот формација на воените сили за општа намена, како и систем на крајбрежна стража. Документот за основите на државната политика на Арктикот за периодот до 2035 година го потврди претседателот на Русија Владимир Путин.
„Реализацијата на државната политика на Руската Федерација на Арктикот до 2020 обезбеди: присуство на формација на воените сили за општа намена на Вооружените сили на Руската Федерација во арктичката зона на Руската Федерација и способност за пружање воена безбедност во различни военополитички услови“, се наведува во текстот на документот објавен на веб-порталот за правни информации.
Исто така се наведува дека јакнењето на странското воено присуство во арктичкиот регион и дискредитацијата на активноста на Русија во истиот регион претставуваат главни предизвици за националната безбедност на земјата.
Новата формација има задача да ја гарантира воената безбедност и да ги штити националните интереси на Русија на таа територија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче