Путин потпиша указ: Русија доби Министерство за Арктикот

Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот со кој Министерството за развој на Далечниот Исток е преименувано во Министерство за развој на Далечниот Исток и Арктикот и доби низа нови функции. Стручњаците сметаат дека не станува збор просто за бирократски потег, туку фактички за почеток на освојувањето на арктичките територии и акватории.

Конкретно, современиот управувачки кадар треба да го оствари она за што осумдесет години мечтаеја истражувачите и јунаците на поларните експедиции и да го воспостави Северниот морски пат, пишува порталот на деловниот весник „Взгљад“.

Текстот на указот е објавен на порталот за правни информации. Според пишувањето на медиумите, ваквата мерка ќе придонесе за ефикасноста на државната управа во арктичката зона и ќе го оптимизира развојот на северните региони.

Министерство ќе работи на формулирање на државната политика и создавање нормативно-правна регулатива во сферата на развој на Арктичката зона на Русија, пренесува „Взгљад“.

Владата на Русија е обврзана наредните три месеци да ги дефинира овластувањата на министерството и да спроведе негова реорганизација доколку е потребно.

Владимир Путин минатиот месец го поддржа предлогот на премиерот Дмитриј Медведев за воведување на функцијата прв-заменик министер за развој на Далечниот Исток, одговорен за Арктичката зона, како и за преименување на министерството.

Прочитајте повеќе: Шојгу: Нашата воена инфраструкура која се гради на Арктикот е без конкуренција во светски размери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња