Чисто небо: Системите „Панцир-С1“ уништија „непријателски“ дронови кај Новосибирск (ВИДЕО)

Сергеј Бобилев/TASS
Во маневрите учествуваа околу 500 припадници на руската војска и над 20 единици воена и специјална техника.

Во близина на Новосибирск беа одржани плански вежби на единиците на противвоздушните ракетно-топовски системи „Панцир-С1“ на силите за противвоздухопловна одбрана. Припадниците на рускате војска имаа задача да одбијат напад на група ударни беспилотни летала на условниот противник врз команден центар и колона воена техника.

Според сценариото според кое се одвиваа вежбите, „непријателските“ дронови од различни правци наидуваа на колоната воена техника со противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“, што во голема мерка ја искомплицира задачата на единиците на противвоздушните ракетно-топовских системи „Панцир-С1“.

Сите воздушни цели беа откриени на време на оддалеченост од 20 километри и успешно уништени со противвоздухопловни наведувани ракети (ЗУР) на безбедно растојание. Исто така единиците на ЗРПК „Панцир-С1“ го одвратија нападот на дроновите врз командниот воени пункт.

Во маневрите учествуваа околу 500 припадници на руската војска и над 20 единици воена и специјална техника.

Прочитајте повеќе: Руска наука и емиратски пари: Како настана легендарниот „Панцир С1“?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња