„Панцир-С“ уништи беспилотно летало кое се приближи до руската воздухопловна база во Хмејмим

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Сириската државна телевизија претходно објави дека силите за ПВО во сириската авиобаза Хмејмим, во која се стационирани Воздушно-космичките сили на РФ, собориле две беспилотни летала.

Руските средства распоредени во авиобазата Хмејмим вчера детектираа беспилотно воздушно летало кое системот „Панцир-С“ го уништи, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

Руските средства за ПВО распоредени во воздухопловната база Хмејмим вчера во самрак детектираа воздушна цел со помали димензии кое му се приближуваше на воениот објект од североисточната страна на Средоземното море, се вели во соопштението во кое се наведува дека не е познато кому припаѓа дронот.

Како што е наведено, со ракетното вооружување на противвоздухопловниот ракетно-топовски систем „Панцир-С“ на руската авиобаза, воздушната цел е уништена далеку од базата.

Нема повредени ниту е причинета материјална штета, руската авиобаза Хмејмим функционира регуларно, соопшти воениот ресор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња