Објавени снимки од гаѓање од ПВО-системот „Панцир“ на Арктикот (ВИДЕО)

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда”
Северната флота претстави снимки од гаѓање од противвоздушниот ракетен систем „Панцир-С1“ на Арктикот.

На снимките што ги објави телевизијата „Ѕвезда“, противвоздушниот ракетно-топовски систем отвора оган врз цели во арктички услови, меѓу другото и од топовското оружје.

Треба да се истакне дека специјално за Арктикот е направена верзијата „Панцир-СА“ врз база на дводелниот гасеничен транспортер ДТ-30. Оваа модификација нема топ, за разлика од основниот модел.

Оружјето првпат беше претставено на Парадата на Победата на Црвениот плоштад на 9 мај 2017 година заедно со арктичката верзија на противвоздушниот ракетен систем „Тор-М2“.

Системот „Панцир-С1“ со краток дострел (НАТО го користи називот SA-22 Greyhound, во превод „`рт“) е создаден во 1994 година, а воведен во експлоатација во 2010 година. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти (вклучувајќи ги и ПВО-системите со долг дострел, како што се С-300 „Фаворит“ и С-400 „Триумф“) од сите современи и перспективни средства за воздушен напад, вклучително и беспилотни летала со мали габарити и ракети .

Системот е монтиран на шасија „КамаЗ“. Може да отвори оган во движење, на пример, кога покрива колона за време на марш.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња