На снимката објавена во саботата на телевизискиот канал „Ѕвезда”, се гледа хеликоптер кој изведува акробации над писта покриена со снег во близина на Хабаровск, на Далечниот исток на Русија.
Летајќи на мала висина, борбениот хеликоптер увежбува вртење во круг со непрекинато држење на мета на нишан. Хеликоптерот исто така изведува брзо полетување под агол од речиси 90 степени и се искачува во вис со крената опашка, што е вештина со која владее само Ка-52.
За време на ваквите тренажни летови пилотот учи како да изведува мисии по лоши временски услови, наведува телевизијата „Ѕвезда“.