Русија го модернизира хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“ врз основа на борбеното искуство од Сирија

Wikipedia
Пакетот модернизација пред сѐ ќе се однесува на унапредување на оптоелектронскиот систем за откривање и распознавање на цели, како и вградување на посилни генератори кои ќе обезбедат повеќе енергија за поефикасно функционирање на леталото.

Борбените хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ ќе бидат модернизирани врз основа на борбените искуства во Сирија. Конкретно, ќе се унапреди ефикасноста на генераторот и оптоелектронскиот блок опрема. Ова за руските новинари го соопшти генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински, пренесува интернет-порталот ТАСС.

„Пакетот модернизација е формиран врз основа на резултатите во Сирија. Ние веќе работиме на замена на генераторот, кој ќе обезбедува поголема количина енергија. Комплексната модернизација на хеликоптерите Ка-52 и Ми-28 ќе вклучува и унапредување на оптоелектронскиот систем, посебно на планот на поефикасно откривање и распознавање на цели“, рече првиот човек на холдингот.

Според него, во холдингот „Хеликоптери на Русија“ е веќе утврден планот за модернизација на леталата Ка-52 и Ми-28 кој се реализира по барање на Министерството за одбрана на РФ.

Ка-52 „Алигатор“е борбено-извидувачки хеликоптер кој е наменет за борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови. Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи  силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната  рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.

Погледнете го видеото: Зошто Ka-52 „Алигатор“ e еден од најдобрите јуришни хеликоптери на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња