Евтино и ефикасно: Т-90М ќе игра важна улога во модернизацијата на руските тенковски сили

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Т-90М на динамичната презентација „Армија-2018“

Владимир Астапкович/Sputnik
Унапредениот модел е заснован на најдобрите карактеристики на својот претходник Т-90: техничка сигурност, борбена жилавост, огнена моќ и способност да реагира брзо на промена на ситуацијата на бојното поле.

Со воведувањето на тенковите Т-90М во војската, Русија ќе обезбеди сериозна модернизација на своите оклопни единици, пишува магазинот Military Watch.

Показателите на Т-90М се унапредени со интегрирање на технологијата од тенковите од најновата генерација Т-14 „Армата“ во неговиот состав. Т-14 сé уште не се произведуваат во доволен број бидејќи сé уште се работи на нивно усовршување, што значи дека Т-90 во најблиска иднина и понатаму ќе биде основното оружје на елитните оклопни единици на руската војска.

„Т-90М заостанува зад Т-14 само по неколку можности и за цела генерација го надминува изворниот Т-90. Ова возило не е само евтино за производство, туку и неговата употреба и одржување бараат значително помалку средства“, пишува магазинот.

Најважната новина кај Т-90М е, како што се истакнува во текстот, интеграцијата на главното орудие на „Армата “, топот 2A82-1M, во системот за управување со огнот во системот „Калина“, што овозможува примена на широк спектар на муниција од најновата генерација. Исто така, кај модернизираното возило се користат дигиталните комуникациски системи и системите за управување со Т-14, што овозможува подобра информираност за ситуацијата на бојното поле и подобра синхронизација на дејствијата.

„Иако Т-90М има малку послаб оклоп во однос на „Армата“, неговата отпорност е подигната на повисоко ниво отколку кај тенковите од третата генерација“.

Списанието исто така наведува дека воведувањето во експлоатација на тенковите Т-90М е само дел од плановите на Русија кога се работи за модернизација на оклопните единици.

Истовремено се работи на усовршување на тенковите Т-72 и Т-80 и создавање варијанти на Т-72Б3 и Т-80БВМ, кои исто така имаат зголемена огнена моќ и отпорност. Во резервните единици се модернизираат и тенковите Т-62 на ниво на Т-62МБ, а тие се ценети поради едноставното одржување и ниските трошоци за употреба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња