„Терминатор 2“
Григориј Сисоев /RIA NovostiНо, руските генерали не се сложуваат со оваа оцена.
Генералот Дмитриј Булгаков, заменик-министер за одбрана на Русија, изјави дека борбените дејствија во Сирија покажале оти и покрај исклучително големата моќ и достигнувањата на тактичките бомбардери и на крстосувачките ракети, победата во целост можат да ја обезбедат само копнените единици.
„Тенковите и понатаму ќе бидат еден од најважните видови вооружување во современата војна зашто за успех на некоја операција може да се зборува дури кога ќе се заземат и ќе се задржат стратешките положби“, рече генералот Булгаков, истакнувајќи дека оклопната техника и понатаму е единственото оружје кое на армијата ѝ овозможува да ги заштити војниците непосредно пред нападот.
Програмата за модернизација на руското вооружување ќе трае до 2030 година, така што тенковите кои Русија денес ги први ќе ја бранат земјата по 15 години. Што може да очекува руската армија?
За почеток, оваа година се појави еден новитет. Станува збор за новото борбено возило за поддршка на тенковите „Терминатор“.
„Терминатор“ е тешко вооружен, има дебел оклоп кој му овозможува да опстане во уличните борби на блиско растојание. Носи 4 ракетни лансери 9М120 „Атака“, два автоматски топа 2А42 со калибар од 30 милиметри, два фрлачи на гранати АГ-17Д и еден митралез со две цевки со калибар од 7.62 милиметри.
Ова борбено возило има минато многу тестирања на домашен терен, а имаше и огнено крштевање во борбата против терористите на „Исламска држава“ во Сирија.
Сепак, не може да се каже дека „Терминатор 2“ е совршен. И покрај медиумскиот прав кој се крена околу ова ново оружје, треба да се констатира дека станува збор само за обновена верзија на „Терминатор 1“, а сите измени се сведуваат на тоа дека е всушност поевтина верзија со помала огнена моќ од „постариот брат“.
Производителот наместо скапата шасија на тенкот Т-90 тука има искористено шасија на тенкот Т-72 и ги има отстрането автоматските лансери АГС-17. И посадата тука е помала – во новото возило собира само тројца војници. „Терминатор 2“ има помала огнена моќ и со едно пукање може да погоди само една цел, а не три, како што можеше „Терминатор 1“.
„За победа во борбата не е секогаш потребно нуклеарно оружје, а неопходната огнена моќ може да ја обезбедат и тенковските топови со калибар од 125 милиметри. Тие можат да обезбедат поддршка на единиците во елиминирањето на помали цели на борбеното поле“, вели Алексеј Рам, воен аналитичар на весникот Известија.
Новите руски тенкови ќе бидат попристапни и поедноставно за користење.
„За неколку месеци Министерството за одбрана ќе го објави бројот на овие помошни борбени возила што ќе ѝ бидат испорачани на армијата. Само треба да се почека објавувањето на новата воена програма за 2018-2025“, вели тој.
Во текот на изминативе години руската армија доби околу 3.000 нови тенкови, а меѓу нив и тенкот Т-14 „Армата“ за кој многу се зборува, а кој има оклоп од новата генерација и исфрла 10 тенковски проектили во минута на оддалеченост од 6.9 километри.
Сергеј Савостјанов
TASSТ-14 е модифицирана верзија на тенковите кои ја штитеа границата на Русија во изминатите децении (Т-72, Т-80 и Т-90). Сè мина низ цела низа процедури за модернизација во согласност со барањата на современото војување. Т-72Б3 веќе се наоѓа во арсеналот на руската армија, додека Т-90М и Т-80БВМ дури сега се подготвуваат за производство и за тестирање.
Според генералот Булгаков, главната цел на модифицирањето е да обезбеди дополнителна заштита и маневарски способности на борбеното поле.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче