„Форбс“ ја оцени најновата руска подморница

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американскиот весник „Форбс“ пишува дека најновиата руска подморница Б-274 „Петропавловск-Камчатски“ се разликува од сите американски модели.

Според мислењето на авторот на статијата, најважната разлика е во дизел-електричниот погон, кој содржи акумулатори на олово-киселина од засилен тип и агрегат на дизел-гориво за нивно полнење.

Се истакнува дека воената морнарица на САД ја добила последната подморница на ненуклеарен погон уште во текот на 50-тите години на минатиот век.

Како предност на ненуклеарната подморница „Форбс“ го наведува компактните габарити и релативно малите трошоци за издржување на екипажот. 

Покрај тоа, таквата подморница може да ги исклучи повеќето свои системи и со тоа да стане практично невидлива.

Б-274 „Петропавловск-Камчатски“ е руска дизел-електрична подморница од проектот 636.3 „Варшавјанка“. Беше предадена на Тихоокеанската флота на 25 ноември 2019 година.