Американски експерти: Што ќе им е на Русите подморница со 200 крстосувачки ракети „Калибр“?

Петар Коваљов/TASS
Во САД сериозно ја примија веста дека руската армија планира своите гигантски нуклеарни подморници од класата „Акула“ (НАТО – „Тајфун“) да ги опремат со конвенционални крстосувачки ракети. Според процените на рускиот вицеадмирал Олег Бурцев, секоја подморница од оваа класа може да се вооружи со 200 ракети од типовите „Калибр“, „Оникс“ и „Циркон“.

Како еден од поквалитетните модели кога станува збор за превооружувањето на стратешките офанзивни подморници, Бурцев го наведува примерот на американската нуклеарна подморница од класата „Охајо“. Имено, американските воени конструктори успеале оваа подморница да ја превооружат со крстосувачки ракети „Томахавк“. Од четири подморници од оваа класа се „симнати“ интерконтиненталните балистички ракети „Тридент 1“, а наместо нив се интегрирани лансери за крстосувачките ракети „Томахавк“. Со ваквата техничка опција добиена е офанзивна подморница со импресивна огнена моќ (може да носи и до 154 ракети „Томахавк“).

На руските бродоградни компании не им е туѓа трансформацијата на нуклеарни подморници. Еден од најголемите проекти од овој тип ја носеше ознаката „Груша“. Конкретно станува збор за модернизација на серија атомски подморници од класата 667А „Навага“. Овој проект подразбираше дека од корпусот на овие подморници во целост треба да се исече и да се отстрани одделот со силоси за старите ракети, а на негово место да се вклопи нов, во кој се наоѓаа осум торпедни цевки со калибар од 533 милиметри. Во таа пригода за првпат торпедни цевки беа поставени под агол во средниот дел на подморницата, а не на „носот“, како што беше вообичаено дотогаш. Како резултат на проектот „Груша“ добиена е подморница која може да носи до 32 дозвучни ракети за стратешка намена С-10 „Гранат“. Овие ракети можеа да се лансираат од наведените торпедни цевки, како и од стандардни торпеда. Полнењето се вршеше преку ротациски полнач со повеќе цевки во облик на огромен барабан кој беше интегриран во внатрешниот корпус на подморницата. Иако беше планирано на овој стандард да се подигнат шест подморници од класата 667А „Навага“, работите беа завршени на овие три подморници. Тие беа успешно експлоатирани во единиците на Северната флота, а беа повлечени од употребата на преминот во 21 век. Последната подморница од класата 667 АТ „Група“ со тактичка ознака К-395, беше повлечена од борбениот состав на 1 септември 2002 година.

Ваквиот проект за превооружување „Акула“ може да биде многу поефикасен и со самото тоа и поопасен од сите обиди досега, констатираат американските воени експерти он Интернет-порталот Military Watch Magazine. Самото количество од 200 ракети кое ќе може да го носи една подморница, може да доведе со целосно уништување на речиси севкупната поморска борбена група што ја предводи носач на авион, со сите крстосувачи, разорувачи и слично – секако под услов да се изведе полотунски напад со голем број ракети. Во текстот натаму се наведува дека противбродската ракета П-800 „Оникс“ може да достигне брзина од речиси 3 маха, што е мошне сложена цел за пресретнување. Самото наведување на ракетата е можно да се изведе самостојно, или со помош на авион кој во тој момент се наоѓа во воздушниот простор. Но, ситуацијата може да ескалира до крајни граници доколку успешно се заврши тестирањето на хиперсоничната ракета „Циркон“ која лета со брзина поголема од 9 маха. Моментално не постои адекватно одбранбено средство кое може да заштити која било цел од оваа ракета која ќе може да оствари дострел и до 1.000 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња