Новата модификација на Lada Granta ќе ја користат Росгвардија и воената полиција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
АвтоВАЗ ја прошири лепезата модификации за специјални намени на моделот LADA Granta. Додадени се верзии за оперативните служби на Росгвардија и оперативните служби на Министерството за одбрана на Русија (воената полиција).

LADA Granta за Росгвардија и воената полиција е сертифицирана со три мотори од 1,6 литри и изборна сила од 87, 97 или 106 коњски сили во комбинација со механички менувач со пет брзини или автоматски менувач со четири брзини Jatco, пренесуваат руските медиуми.

Списокот на основна опрема „Грант”  за специјални намени вклучува воздушно перниче, систем ЭРА-ГЛОНАСС, светлосно-акустичен уред, систем за видео-надзор и радио-станица. Електрични прозорци, грејач на предните седишта, клима-уред, систем за навигација, систем за далечинско палење на моторот, темпомат, систем за гарантирано палење на моторот и телематски систем LADA Connect се дополнителна опрема достапна по избор.

Прочитајте повеќе: Chevrolet Niva станува „Лада“: Рускиот производител отсега стопроцентен сопственик на GM-АвтоВАЗ