Chevrolet Niva станува „Лада“: Рускиот производител отсега стопроцентен сопственик на GM-АвтоВАЗ

Global Look Press
АвтоВАЗ го купи од General Motors комплетниот удел во заедничкото претпријатие.

АвтоВАЗ и General Motors склучија договор за консолидација на заедничкото претпријатие според кој тоа стопроцентно преминува во сопственост на руската страна. Се работи за производството на теренското возило Chevrolet Niva кое наскоро ќе биде пласирано на пазарот со ознаката Lada.

Заедничкото претпријатие го произведуваше само моделот Chevrolet Niva. Со преминот на комплетното производство под целосна контрола на АвтоВАЗ повеќе нема потреба да се користи брендот „Шевролет“, така што теренците уште некое време ќе се склопуваат со поранешните ознаки, а потоа Niva, повторно, ќе стане „Лада“. Покрај тоа, рускиот производител на автомобили планира да го промени името на претпријатието GM-АвтоВАЗ.

Пред потпишувањето на договорот АвтоВАЗ и GM имаа еднакви делови во заедничкото претпријатие, кое сега е 100% во сопственост на АвтоВАЗ. Рускиот производител на автомобили не планирал, како што посочува, да ги раскинува тековните договори со добавувачите и дилерите или пак да врши преместување на вработените.

Во периодот од јануари до октомври оваа година, во Русија беа продадени над 19,3 илјади примероци на возилото Chevrolet Niva. Тоа се најде на 14-то место на листата на најпродавани автомобили минатиот месец.

Прочитајте повеќе: АвтоВАЗ започна со производство на обновената „Лада 4Х4“

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња