Клиентот ќе може да избере кој било модел, на пример седан „Лада Веста“ во почетната верзија Classic, а со одредена доплата автомобилот ќе добие опции од поскапите верзии. Во секој случај, дилерскиот центар ќе го оформи посакуваниот комплет и ќе ја испрати нарачката до новиот сектор, дознава порталот „Лада.Онлайн“.
На списокот на дополнителна опрема ќе има седишта со комбинација на вештачка кожа и ткаенина, еднозонски клима-уред, црн тапацир на плафонот и други опции. Засега не е наведено колку долго ќе се чека автомобилот со уникатниот список со опции и колку ќе биде доплатата.
Новата услуга се очекува да биде претставена во 2020 година. Веќе е издвоен просторот и е одбран персоналот за работа во новиот сектор. Lada ќе го задржи и тековниот систем на фиксни верзии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче