Убијците на дронови, кои се способни да следат, пресретнат и неутрализираат други беспилотни летала што ги користи непријателот, ги разви рускиот воено-индустриски комплекс. Ова за веб-порталот ТАСС го изјави директорот за меѓународна соработка и регионална политика на државната корпорација „Ростех“ Виктор Кладов.
„Тоа не се само летечки средства за радиоелектронско војување, туку и активни дронови-убијци кои ги детектираат и следат непријателските беспилотни летала и го опструираат контролниот канал преку кој се контролираат“, рече Кладов, осврнувајќи се на постојните средства кои се развиваат за потребите на борбата против дронови.
Тој додаде дека на неодамна завршениот Меѓународен авиокосмички саем Dubai Airshow-2019 што се одржа во Обединетите Арапски Емирати, руската воена индустрија претстави гама на свои производи за радиоелектронска борба со непријателски дронови.
Кладов рече дека концернот „Калашников“ (составен дел на „Ростех“) развива оружје за борба против беспилотни летала во радиус и до 1500 метри.
„Овие средства работат на многу едноставни принципи. Сè што треба да направиме е да го насочиме оружјето кон забележаното беспилотно летало и да го притиснеме чкрапалото. Електромагнетниот импулс што го генерира ова оружје е во состојба да ја наруши електрониката што се наоѓа на беспилотнотп летало. Во тој момент, тоа летало или паѓа на земја, или го продолжува своето неконтролирано движење, без никаква контрола. Практично, овој ЕМ-импулс целосно ги исфрла леталата од строј“, рече претставникот на „Ростех“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче