На ТВ-каналот „Ѕвезда“ е прикажана ракетата која лета во правец на имитација на беспилотно летало и се судира со неа во воздухот, при што нема експлозија (дронот-ракета не е опремен со експлозивна боева глава). Станува збор за ефикасно и евтино средство за борба против непријателски беспилотни летала.
Како што пишува американскиот интернет-портал C4ISRNET, новата ракета е способна да собори беспилотно летало во вид на квадкоптер. Ракетата изгледа како да е направена од картон, а место ракетен мотор за движење користи пропелер. Очигледно е дека руските конструктори решиле да направа што поедноставна конпцеција, што ќе овозможи таа да биде исклучително евтина.
„Максимално едноставната конструкција, како и веројатно безначајната цена на производство, ќе создадат нова алтернатива за борба против дронови: наместо употреба на скапи ракети од класата „земја-воздух“ или комплексни попречувачи, зошто да не испратиме на непријателскиот дрон ултраевтин пресретнувач кој со директен судир ќе го собори воздушниот натрапник“, се прашува авторот на оваа публикација.
Меѓутоа, експертите сметаат дека оваа едноставна дрон-ракет сепак има свој сопствен систем за наведување, што ѝ овозможува да се „забие“ во противничкото беспилотно летало. Исто така, во материјалот се опишуваат и можностите за примена на новото оружје. Мала и лесна ракета која може рачно да се лансира може да биде многу употреблива во пешадиските единици. Доколку на оваа дрон-ракета се применат крила на склопување, тогаш со поголем број примероци можат да се опремат и помали пешадиски единици.
„Покрај сензорите и системите за навигација за кои малку знаеме, изгледот на ова летало индицираат дека тоа може да се состави во автомобилска гаража“, наведува интернет-порталот C4ISRNET. Токму оваа едноставна и евтина дрон-ракета може да стане најсоодветното оружје за борба против беспилотни летала, кои во пракса сѐ повеќе се користат како извидувачки, но и ударни непријателски средства. Во отсуство на експлозивна боева глава, се намалува потенцијалниот ризик од пресретнување на непријателските беспилотни летала на блиски растојанија. Покрај тоа, ракетниот дрон е мошне тивок, што може да даде уште некои предности.
Во овој момент оваа дрон-ракета се наоѓа во фаза на тестирање. „Доколку руската армија процени дека ваквиот тип на оружје може да послужи во борбата против бесилотни летала, можеме да очекуваме рапиден развој на проекти врз база на експерименталната дрон-ракета“, заклучува C4ISRNET.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче