Сите го сакаат: Русија доби голем број понуди за продажба на ракетно-топовски ПВО-системи „Панцир“

Министерство за одбрана на Руската Федерација
Русија доби повеќе од 15 понуди за набавка на хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“. Од нив, неколку земји се од регионот на Блискиот исток. На праг е и потпишување договор за модернизација на 50 од овие системи кои неодамна им беа испорачани на Обединетите Арапски Емирати.

Русија доби повеќе од 15 понуди за купување на хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“. Од нив, неколку држави се од регионот на Блискиот исток. Ова на заинтересираните новинари им го пренесе првиот човек на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев.

„Со оглед на неговата универзалност и високата ефикасност, многу држави се интересираат за набавка на овој систем. Во моментов „Панцир-С1“ го бараат повеќе од 15 странски партнери, од кои неколку се од регионот на Блискиот исток“, рече Шугаев, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Тој исто така додаде дека Русија го разгледува барањето на Обединетите Арапски Емирати за модернизација на хибридните ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“ кои се наоѓаат во вооружувањето на нивната војска.

„Една од најдобрите страници на успешната воено-техничка соработка меѓу Русија и Обединетите Арапски Емирати е поврзана токму со овој систем. Емиратската страна е заинтересирана за можноста за модернизирање на неодамна испорачаните „Панцири“ на оваа земја. Во моментов ја разгледуваме оваа понуда“, рече првиот човек на руската Федерална служба за воено-техничка соработка.

Според различни податоци, емиратската армија во своето вооружување има околу 50 хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“ кои се интегрирани со мобилна платформа Man SX45.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

Прочитајте повеќе: Руска наука и емиратски пари: Како настана легендарниот „Панцир С1“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња