Африка сака руско оружје: Камерун заинтересиран за ПВО-системите 96К6 „Панцир-С1“

Олга Соколова/Russian Look/Global Look Press
Покрај набавка на руски ПВО-системи „Панцир-С1“, оваа африканска земја е заинтересирана за купување оклопни транспортери, како и ударни и воено-транспортни хеликоптери. По тој повод во Сочи беше презентирана длабоката модернизација на ударниот хеликоптер Ми-24 со ознака Ми-35П. Оваа верзија на хеликоптерот може да биде хит кога станува збор за африканските земји кои располагаат со околу 250 летала Ми-24/35.

Камерун е заинтересиран за набавка на хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“. Русија допрва треба да одговори на ова барање од африканскиот партнер.

Оваа информација на интернет-порталот РИА „Новости“ му ја пренесе амбасадорот на Република Камерун во Москва Махамат Паба Сале. Тој рече дека се работи за орудие со висок квалитет, кое е многу барано во целиот свет. Покрај набавка на руски ПВО-системи „Панцир-С1“, оваа африканска земја е заинтересирана за купување оклопни транспортери, како и ударни и воено-транспортни хеликоптери., пренесува интернет-порталот РГ.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.

Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

Прочитајте повеќе: Руска наука и емиратски пари: Како настана легендарниот „Панцир С1“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња