Стратешкиот бомбардер Ту-160 и неговата „несудена“ придружба на почетокот на овој месец се сретнаа на небото над Јапонското Море. Имено, рускиот суперсоничен бомбардер беше откриен со дежурните радарско-набљудувачки средства. Еден пар американски борбени ловци од петтата генерација F-35A Lightning II веднаш беа испратени кон овој објект. Меѓутоа, тие не можеа да го стигнат рускиот бомбардер бидејќи тој во меѓувреме се префрли на суперсоничен режим на летање. Имено, рускиот пилот ја смени геометријата на крилата на бомбардерот и ги префрли моторите во режим на дополнително согорување. На овој начин леталото тешко 110 тони успеа да им „побегне“ на потенцијалните придружници кои се 10 пати полесни од него, пренесува порталот Mars.online.
„Ту-160 е способен да постигне брзина од 2200 км/ч, додека F-35A Lightning II е ограничен на 1930 км/ч, вклучувајќи го и фактот дека американскиот ловец не може долго да ја одржи својата максимална брзина “, се вели во текстот што го пренесе интернет-порталот „Цариград.ру“.
„Се сеќавате ли на настанот кога овие бомбардери одлетаа во Венецуела, а потоа и на зајадливата реакција на Американците кои ги прогласија за надминати авиони (читај „летечки канти“, заб. на авторот)“, потсмешливо коментира твитер-порталот „Глaсот на Мордор“.
„Многу одамна (од 1949 година) на еден воен аеродром го видовме првиот советски млазен бомбардер Ил-28. И притоа многумина му се потсмеваа на вооружувањето што го имаше во својот арсенал. Имаше само два топа во носот и опашката на авионот. На прв поглед, пресмешно. Меѓутоа, тој беше толку брз што дури ни ова вооружување не му беше потребно. Имено, во тоа време најбрзиот американски борец (P-51 Mustang) не можеше да го стигне“, напиша во коментарот @SergeGray149.
„Треба да им се напише казна за пребрзо возење“, додаде @Mironov1974.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче