Припадници на американската војска изјавија дека во случај на конфликт во овој момент не се подготвени да им се спротивстават на Русите и Кинезите во сферата на радиоелектронското војување. Нивните зборови ги пренесува интернет-порталот Breaking Defence.
Потполковникот на американската армија Гери Лејк рече дека Војската на САД бавно усвојува новитети кога станува збор за радиоелектронската борба. Ова доведува до фактот дека за време на воените вежби американските војници кои учествуваат во нив мораат да се ослободат од нивните мобилни телефони, затоа што на тој начин ја откриваат својата точна локација која може да ја детектира потенцијалниот непријател.
Покрај тоа, тие мора да воспостават резервни канали на комуникација ако дојде до опструкција на главната врска. Американскиот офицер е убеден дека Русија и Кина сигурно би ги искористиле овие недостатоци во потенцијален конфликт, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
„Ако ме прашате мене дали сме подготвени за дејства во електромагнетниот спектар, во овој момент мојот одговор би бил НЕ“, рече потполковникот Гери Лајк.
Според него, увежбувањето на американската војска го усложнуваат регулаторните барања, кои наметнуваат ограничувања кога е во прашање употреба на средства за радиоелектронска борба во смисла на должината на нивното работење, како и дозволената моќност на ангажираната апаратура.
Потполковникот на американската војска Метју Пул додаде дека за тоа време „лошите момци“ (се мисли на Русите и Кинезите) без ограничување ги користат своите електронски попречувачи.
На овој текст што се појави во САД реагираше директорот на Центарот за воено-политички истражувања на МГИМО, доктор на историски науки Алексеј Подберезкин. Тој се согласува со тврдењето на американските офицери дека Војската на САД „ослабела“ во оваа сфера.
„Проблемите на американската војска во овој случај се поврзани со поволните околности кои влијаат на нивниот развој. Тоа пред сѐ географскиот фактор, затоа што САД се опкружени со мориња и океани, што им овозможува да се чувствуваат многу комфорно. Русија, од друга страна, се наоѓа во неспоредливо потешка ситуација, бидејќи на периферијата на нејзината многу долга граница има безброј уреди за радиоелектронско војување. Едноставно ние моравме брзо да се адаптираме на новонастанатите околности и да реагираме на нив. Сето ова време на еден или друг начин се наоѓаме во услови на радиоелектронска војна, каде врз основа на тоа стекнавме бројни практични искуства. Токму овој неповолен географски фактор нè натера да сме постојано во готовност, да развиваме нови средства и постојано да се увежбуваме со нив. Друг важен фактор е доктрината за употреба на Војската на САД, која фаворизира офанзивни видови на вооружување. Токму поради оваа причина, кај нив не е доволно развиена компонентата на дефанзивното вооружување, вклучувајќи ги тука и радиоелектронските средства“, истакнува рускиот експерт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче