Русите усвојуваат сѐ поефикасни ПЕБ-средства за рушење на беспилотни летала

Слободан Ѓукиќ
Русија се здобива со сѐ поголема способност за спротивставување на непријателските беспилотни летала, што може да претставува сериозен проблем за Војската на САД која во голема мера се потпира на нивната употреба. Во овој момент руската армија става акцент на активната примена на модерните противелектронски средства.

За ова пишува американскиот интернет портал „Национален Интерес“, каде како пример ги наведува воените вежби кои се изведени во Ленинградската област, а во чии рамки е применет новиот систем за противелектронска борба „Силок“, наменет за борба против беспилотни летала, пренесува РИА „Новости“.

Земајќи го предвид фактот дека Русија веќе одамна применува средства за противелектронска борба (ПЕБ), во октомври 2017 година првпат беше претставен копнен систем за ПЕБ наменет за борба против беспилотни летала.

Зголемувањето на бројот на средства за противелектронска борба во руските единици, како и увежбаноста на нивните екипажи да го користат успешно ова современо вооружување, претставува голема опасност за американските беспилотни летала.

Авторот на текстот прецизира дека Иран (уште во 2011 година) во соработка со Русија го направил системот за противелектронска борба „Автобаза“ кој е наменет за борба против американското беспилотно леталот RQ-170 „Сентинел“. Во текстот се нагласува дека американското беспилотно летало од овој тип, без оглед на својата технолошка совршеност која ѝ обезбедува голема автономија на лет, не може да функционира без радиоврска, која е неопходна за размена на податоци. Токму овие слабости може да ги искористи Русија.

Комплекс за ПЕБ „Житељ“

Уште летово беше објавена информација дека единиците на Централниот воен округ се опремени со новите системи за противелектронска борба „Силок“ кои се специјализирани за неутрализација на беспилотните летала. Системот е направен врз основа на најновите технички сознанија до кои руските научници дојдоа при развојот на оружјето за противелектронска борба.

„Силок“ во автоматски режим открива беспилотни летала, при што самостојно ги пресметува нивните координати и регистрира појави во различни дијапазони на фреквенцискиот спектар. Тој има задача „летално“ да делува на каналот за управување со беспилотното леало, телеметрискиот и комуникацискиот канал. Овој систем е развиен од рускиот концерн „Соѕвездие“.

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња