Кинески медиуми: САД „на своја кожа“ го почувствуваа дејството на руските противелектронски системи

Слободан Ѓукиќ
Кинескиот весник „Соху“ обрна внимание на овој факт, зашто за време на одржувањето на големата воена парада по повод Денот на Победата, руската армија не ги прикажа своите системи за противелектронска борба (ПЕБ).

Околу овие системи постои голема фама. Многумина воени стручњаци сметаат дека во услови какви што се карактеристични за модерната војна овие системи ќе играат клучна улога при што вo буквална смисла ќе ја парализираат противничката армија.

Во материјалот чиј превод е објавен на Интернет-порталот inosmi.ru, како репрезентативен примерок е земен рускиот систем за противелектронска борба „Мурманск-БН“, пренесува Интернет-порталот РГ.

Овие системи пред неколку години се усвоени во вооружувањето и се обединети во единствен систем кој има задача да врши непрекинато радиоелектронско извидување на далечини поголеми од 5.000 километри, како и на тие растојанија да ја попречува комуникацијата на условниот непријател. Покрај тоа станува збор за мобилен систем кој може да се инсталира каде било. Овој систем ја обезбедуваше руската операција на полуостровот Крим кога со своето дејствување го парализираше радиоелектронското поле над местото на неподредените случувања.

Ваквите системи се погубни за армиите кои доаѓаат од Западот. Станува збор за организации кои речиси 100% се потпираат на високотехнолошки електронски средства без кои се става под прашалник нивната вкупна борбена вредност.

Експертите веруваат дека САД на „своја кожа“ веќе ги почувствувале дејствата на руските противелектронски системи во текот на вежбите во Балтичкото море и за време на воената операција на Блискиот Исток. Од време на време борбени бродови на американската Воена морнарица и нејзината авијација забележаа сериозни попречувања за време на функционирањето електронските уреди и компоненти, при што изворот на овие попречувања не е детектиран.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња