Министерството за одбрана на РФ објасни зошто не беше лансирана една ракета на маневрите „Гром“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Руската Федерација ја коментираше веста во весникот „Ведомости“ дека во рамките на стратешката командно-штапска воена вежба „Гром-2019“ дошло до вонредна ситуација.

„Информацијата <…> не е веродостојна“, истакнаа од министерството, пренесува РИА „Новости“.

Од Министерството за одбрана се нагласува дека целта на воената вежба била проверка на системот за борбено управување со Вооружените сили, а не способноста за лансирање максимален број на ракети.

„Оценувајќи ја информацијата за техничката состојба на една ракета во подморницата „Рјазањ“, добиена непосредно пред лансирањето, донесена е одлука таа да не се лансира за вежбовни цели. Откажувањето од примена на ракетата во никој случај не влијаеше на успешниот резултат на стратешките командно-штапски маневри „Гром“, се вели во соопштението на министерството.

Во понеделникот весникот „Ведомости“ повикувајќи се на два извора напиша дека за време на маневрите на полигонот Чижа била истрелана само една интерконтинентална балистичка ракета Р-29Р од нуклеарната подморница К-44 „Рјазањ “, а било планирано да се истрелаат две ракети.