Проблем со подморницата К-44 „Рјазањ“: За време на вежбата „Гром-2019“ откажа една ракета Р-29Р

Слободан Ѓукиќ
При реализацијата на последната фаза од командо-штапската вежба „Гром-2019“ дојде до проблем со лансирањето на една интерконтинентална балистичка ракета Р-29Р, што требаше да ја примени атомската подморница К-44 „Рјазањ“. Се работи за двостепена ракета на течно гориво, усвоена во вооружувањето во 1977 година. Може да носи индивидуална термонуклеарна боева глава од 450 кт или повеќе (3х200 кт или 7х100 кт).

Имено, сценариото на вежбата подразбираше симултано лансирање на две ракети од овој тип. Една беше успешно лансирана, додека втората остана во својот лансирен спремник, пренесува интернет-порталот „Интерфакс“.

Во текстот се наведува дека вршителот на должноста началник на Главната дирекција за меѓународна воена соработка Евгениј Илин на брифингот на 14 октомври го најавил лансирањето на две интерконтинентални балистички ракети Р-29Р. Меѓутоа, за време на боевото гаѓање втората не го напуштила својот ракетен спремник и подморницата се вратила во базата со неискористена ракета.

Една од причините би можела да биде откажување на системот за лансирање на ракетата кој е поврзан со командниот пулт, наведува рускиот веб-портал „Ведомости“. Според информациите до кои дојде овој весник, формирана е посебна комисија за испитување на случајот која треба да ги испита сите околности на овој настан. Составена е од високи офицери од Тихоокенанската флота, рускиот Генералштаб и специјалисти на воено-индустрискиот комплекс.

Во текстот се наведува дека подморницата К-44 „Рјазањ“ е најмладата од класата 667БДР „Кальмар“ кои носат по 16 интерконтинентални балистички ракети Р-29Р (НАТО SS-N-18 Stingray) со дострел од 8 илјади километри. Се работи за двостепена ракета на течно гориво, усвоена  во вооружувањето во 1977 година. Може да носи индивидуална термонуклеарна боева глава од 450 кт или повеќе (3х200 кт или 7х100 кт).

Командно-штапската воена вежба „Гром“ беше реализирана на четири полигони во различни делови на земјата. Во неа учествуваа 12 илјади војници и офицери со околу 310 единици борбена и специјална техника. Беа ангажирани и околу 15 ракетни бродови и пет подморници, повеќе од 100 авиони и хеликоптери, како и оперативнио-тактички ракетни комплекси „Искандер“ и стратешкиот „Јарс“.

Беа истрелани 15 крстосувачки и балистички ракети од копно, море и воздух, кои во 100% обем ги остварија сите задачи што беа поставени при реализацијата на комплексното сценарио на вежбата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња