Воена вежба „Гром“: руската армија изведе удар со 15 крстосувачки и балистички ракети (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка од ракетниот удар на руската војска со крстосувачки и балистички ракети, кој беше реализиран во рамките на командно-штапската воена вежба „Гром“. На четири полигони во различни делови на земјата учествуваа 12 илјади војници и офицери, со околу 310 единици борбена и специјална техника.

Ракетните напади беа реализирани од воените бродови на Тихоокеанската и Северната флота, како и бродовите на Касписката флотила. Во оваа вежба беа користени и оперативно-тактички комплекси „Искандер-М“ од составот на Источниот и Јужните воен округ. Покрај тоа, беше лансирана и интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“ од космодромот „Плесецк“, додека стратешките бомбардери Ту-95МС изведоа ракетен удар врз цели поставени на Кома, пренесува интернет-порталот РГ.

Се претпоставува дека во стратешката командно-штапска воена вежба „Гром“ учествуваа околу 12 илјади војници и офицери, како и околу 310 единици борбена и специјална техника. Беа ангажирани и околу 15 ракетни бродови и пет подморници, повеќе од 100 авиони и хеликоптери, како и оперативнио-тактички ракетни комплекси „Искандер“ и стратешкиот „Јарс“.

Во пресрет на почетокот на оваа воена вежба се огласи и заменик-началникот на Главната команда за меѓународна воена соработка на РФ Евгениј Илин, кој рече дека овие маневри не се насочени против други земји.

Воената вежба „Гром-2019“ е насочена кон обезбедување подобар увид во степенот на обученост и борбената готовност на единиците за стратешка намена да одговорат ефикасно во услови на потенцијална агресија. Самата вежба не предвидува борба против конкретна држава или група држави“, рече рускиот генерал.