Ова на брифингот за странските аташеа го изјави вршителот на должноста началник на Главната управа за меѓународна воена соработка на Министерство за одбрана на Русија генерал-мајор Евгениј Илин. Тој рече дека во вежбите учествуваат три руски воени окрузи (Централниот, Западниот и Јужниот), како и Северната флота, пишува РИА „Новости”.
Крстосувачките ракети ќе бидат истрелани во правец на два полигона: Чижа и Кура. Кон првиот ќе бидат истрелани две балистички ракети РСМ-50, а кон вториот балистички ракети „Јарс” и „Синева”. Ракетите базирани на море ќе бидат истрелани од пет мориња.
Во понеделникот, 14 октомври, Одделението за информации и медиуми на Министерството за одбрана на Русија додаде дека стратешките командно-штапски вежби „Гром-2019“ ќе се одржат од 15 до 17 октомври. Во нив ќе учествуваат околу 12 илјади војници, 213 лансери, пет подморници и 15 бродови, како и 105 авиони, вклучувајќи пет стратешки бомбардери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче