Руската армија успешно лансираше интерконтинентална ракета „Јарс“ на воената вежба „Гром“

Виталиј В. Кузмин
Овие ракети се подготвени веднаш да реагираат на евентуален напад врз почвата на Руската Федерација и да нанесат фатални удари по територијата на условниот непријател. Максималниот дострел на оваа ракета изнесува 12000 км и може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви глави со моќност од 300-600 кт. Ракетата се наведува кон целта по инерцијален пат.

Ракетниот екипаж што го опслужува копнениот мобилен ракетен комплекс за стратешка намена РС-24 „Јарс“ во рамките на воената вежба „Гром“успешно изведе лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ИБР) од космодромот Плесецк.

Оваа ракета набрзо ја погоди својата цел која се наоѓаше на оддалеченост од неколку илјади километри, поточно на воениот полигон Кура на Камчатка. Ова во четвртокот, 17 октомври, го соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува интернет-порталот ТАСС.

„Екипажот на копнен мобилен ракетен комплекс за стратешка намена „Јарс“ од позицијата на Државниот експерименталниот космодром Плесецк изведе успешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета што ја погоди целта на полигонот Кура на Камчатка“, се вели во соопштението.

Оваа ракета го формира 'рбетот на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство е од 2009 година. Се произведува во 2 верзии, со стационарно базирање во специјални силоси и во мобилна верзија на платформата на тркала МЗКТ-79221.

Максималниот дострел на оваа ракета изнесува 12000 км и може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви глави со моќност од 300-600 кт. Ракетата се наведува кон целта по инерцијален пат.

Претпоставката е дека руските стратешки сили имаат вкупно 110 вакви ракети (20 стационарни и 90 мобилни). Овие ракети се подготвени веднаш да реагираат на евентуален можен напад врз почвата на Руската Федерација и да нанесат фатални удари по територијата на условниот непријател.

Прочитајте повеќе: „Гром-2019“: Руската војска на вежби ќе истрела 16 крстосувачки и балистички ракети

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња