Проверен оклоп дојде во Виетнам: Од Русија пристигнаа 64 основни борбени тенкови Т-90С

Виталиј В. Кузмин
Русија успешно ги заврши сите обврски врзани за договорот со Виетнам за набавка на тенкови Т-90С. Отсега и оваа азиска држава во своето вооружување ќе ги има овие респектабилни борбени машини кои се прославија во сириската војна.

Михаил Петухов притоа истакна дека „договорот со Виетнам кој се однесува на испорака на основни борбени тенкови Т-90С е во целост реализиран, како и дека оклопната борбена техника ѝ е испорачана на нашите партнери“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“. Договорот опфаќаше испорака на 64 основни борбени тенкови Т-90С.

Заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) Михаил Петухов ја предводи руската делегација на престижниот воен саем „ЛИМА-2019“ кој се одржува во Малезија.

Основниот борбен тенк Т-90 е претставен уште во далечната 1992 година. Развиен е и произведен од позната руска компанија за производство на тенкови и други оклопни борбени средства „Уралвагонзавод“. По премиерата брзо е усвоен во вооружувањето, каде станува главниот тенк на копнениот вид на руската армија. Иако руската армија се откажа од понатамошна набавка на овие тенкови во 2011 година, тој и понатаму се произведува под ознаката Т-90С при што комплетната негова продукција е речиси во целост наменета за извоз. Токму благодарение на комбинацијата од својата функционалност и големиот простор за интеграција на пакетот модернизација кој содржи нови системи за управување со огнот и напредна оклопна заштита, тој и понатаму опстанува на светскиот пазар на оружје, каде за него владее сѐ поголем интерес.

Извозните модификации на овие тенкови, преку 1500 примероци, се наоѓаат во војските на Индија, Алжир, Азербејџан, Сирија и др.

Погледнете го видеото за новиот Тенк Т-90С

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња