Т-14 „Армата“ неприкосновен: Се појави најновата ранг-листа на најдобрите тенкови на светот (ФОТО)

Shutterstock
Странските воени експерти признаа дека во овој момент рускиот Т-14 „Армата“ е најдобриот основен борбен тенк во светот. На второ место се наоѓа основниот борбен тенк на француската армија AMX-56 „Leclerc“, а на трето германската гордост Leopard 2 A7+.

Според мислењето на специјализираниот твитер-канал World Digital News, главните предности на рускиот тенк се неговата маса, калибарот на основното орудие, силата на моторот и неговиот оклоп, пренесува интернет-порталот РГ.

Тие сметаат дека благодарение на специфичната конструкција на куполата на тенкот Т-14 „Армата“ значително е намалена неговата вкупна маса која изнесува 49 тони. Покрај тоа, профилот на тенкот е таков што тој е понизок и со самото тоа потешко забележлив на боиштето во однос на странските пандани. Уште едно нешто кое имаше клучно влијание овој тенк да се најде на првото место на листата е можноста за интеграција на далеку помоќниот топ (калибар 152 мм) на тенковската конструкција, со што би се остварила огнена моќ која во моментов нема никаква конкуренција во светот.

Моторот што го движи тенкот „Армата“ има такви карактеристики кои му обезбедуваат да оствари брзина од 90 км/ч. Капацитетот на резервоарот е доволен за тенкот со едно полнење помине растојание од 500 км. Дебелината на фронталниот оклоп на новиот руски резервоар е еквивалентна на 950 мм. Таа е составена од слоеви од панцирен челик во комбинација со композитни материјали.

Покрај тоа, тенкот е опремен со најмодерни форми на дополнителна оклопна заштита како што се системите за пасивна и активна заштита на тенкот „Малахит“ и „Афганит“, кои се мошне ефикасни во борбата против најсовремените противтенковски ракети со тандем-кумулативни боеви глави, вклучувајќи ги и кинетичките пенетратори кои летаат со хиперсонична брзина.

Интересно е да се напомене дека во ТОП-3 на оваа листа не влегоа во американскиот тенк Abrams и израелскиот Merkava. Американскиот тенк го зазеде четвртото место, додека пред израелскиот тенк, кој се најде на седмото место, се најдоа јужнокорејскиот модел К2 Black Panther и јапонскиот Type 10 Hitomaru.

По израелскиот тенк Merkava, на листата се најдоа и кинескиот тенк Type 99А2 (8), турскиот Altay (9), британскиот Challenger 2LEP (10), украинскиот Т-80ВVM/T-84U „Оплот“ (11) и на крај руската длабока модернизација на основниот борбен тенк Т-90МС (12).

Прочитајте повеќе за најмоќното руско оружје: Шест видови вооружување за кое не постои одговор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња