Ирак го набави од Русија и четвртиот контингент тенкови Т-90С

Т-90С

Т-90С

Слободан Ѓукиќ
На Ирак му е испорачан нов контингент основни борбени тенкови Т-90С. Тоа е веќе четвртата пратка која се состои од овие современи борбени машини, со што тенковскиот парк на ирачката војска е сериозно унапреден.

Ова го пренесе ирачката информативна куќа „Ираки Њуз“ (Iraqi News). Генерал-мајорот Валид Халига, кој ја врши функцијата командант на елитната 9 оклопна дивизија на ирачката армија, го потврди пристигнувањето на новиот контингент тенкови во оваа земја. Тој додаде дека војската е подготвена за прием на новодојдената борбена техника. Како што пренесува интернет-порталот „Бог рата“, во овој процес сериозна улога имаа и руските специјалисти.

Договорот меѓу Ирак и Русија, кој се однесува на испорака на модернизирани основни борбени тенкови Т-90С, беше потпишан во јули 2017 година. Договорот е тежок една милијарда американски долари. Од ЦАМТО соопштија дека овој договор подразбира испорака на вкупни 73 тенка Т-90С и Т-90СК (командна верзија). Целиот договор врз себе го презеде тенковскиот гигант „Уралвагонзавод“.

Во стручната јавност провејуваат шпекулации дека Ирак е заинтересиран да набави многу поголем број од овие тенкови. Во јуни минатата година американските воени експерти изразија сериозна загриженост поради можното губење на ирачкиот пазар за нивната оклопна борбена техника. Во ирачката војска владее практично монолитно мислење кој тенк треба да биде окосницата на нивните вооружени сили – односно рускиот тенк Т-90С.

Прочитајте повеќе: Ирачаните од пепел ја подигаат својата „мртва“ дивизија со руски тенкови Т-90С

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња