Овие снимки ги направи во Пермскиот крај рускиот телевизиски канал „Ѕвезда”. Како што се наведува во репортажата, на висините на стратосферата се манифестираат одредени карактеристики на авионот.
Заменик-командантот на полкот за воено-политичка активност Марсељ Јунусов објасни дека поради пореткиот воздух во стратосферата движењето на ловецот е пофлексибилно и поинертно.
„Поради тоа од пилотите се бара да имаат пофлексибилно управување и постојана контрола на системот за работа на моторите“, рече тој.
Во текот на летот се увежбувани командни дејствија во состав на низа од четири ловци. Пилотите имаа задача да го „уништат“ симулираниот непријател, претставуван од друг МиГ-31. Притоа копнените сили на ПВО не им помагаа на ловците во откривање на непријателот. Пилотите ги знаеја само приближните координати на „непријателот“ и го ловеа, потпирајќи се исклучително на своите радарски системи. Сепак, пилотите успешно ја извршија задачата.