Како што соопшти прес-службата на компанијата ORSIS, која го произведува ова оружје, пушката првпат е претставена пред јавноста. Во текот на саемот ќе бидат обелоденети некои нејзини технички карактеристики, пренесува „Росиjскаja газета”.
Руската компанија ORSIS претходно започна сериско производство на полуавтоматската пушка AR-15 според американскиот модел. Најпрвин ја склопуваа од делови произведени во САД, а сега организираа свое производство. Рускиот модел има различна цевка која е проектирана според руска технологија и ја зголемува прецизноста и експлоатациониот ресурс на оружјето.
AR-15 е американска полуавтоматска пушка. Се произведува уште од 1963 година како цивилно и ловечко оружје. Пушката е исто така дел од вооружувањето на американската полиција. Користи куршуми со калибар 5,56х45 милиметри, брзината на стрелба ѝ е до 950 куршуми во минута рафално.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче