Американците објавија список на петте најдобри руски тенкови на сите времиња

Shutterstock
Американското списание „Национален Интерес“ (The National Interest) објави список на најдобрите тенкови што некогаш се појавиле на територијата на СССР, сега Руската Федерација. Еден дел од овие тенкови се прослави во голем број војни, додека другиот според своите технички карактеристики, нешто најдобро што досега го направила воената индустрија.

Според рејтингот на американскиот сајт „Национален Интерес“, на прво место се наоѓа основниот борбен тенк од новата генерација Т-14 „Армата“. Неговата конструкција е таква што овој тенк е веројатно најдобрата машина на гасеници што некогаш се појавила во светот. Тенкот е опремен со дизел мотор кој генерира 1500 коњски сили, што му обезбедува одличен сооднос тежина/моќност, како и со модуларен пасивен оклоп од новата генерација „Малахит“.

На второ место се најде проектот на перспективниот борбен тенк Т-95. Него го нарекуваат „веројатно, најсмртоносниот од сите руски тенкови“. Новинарите на американското списание сметаат дека развојниот прототип на овој тенк според неговите основни карактеристики и огнената моќ ги надминува западните тенкови. Конкретно, на овој тенк е интегриран тенковски топ со голем калибар од 152 мм, кој е сместен во купола без екипаж, додека борбениот комплет со гранатите се наоѓа директно под него. Меѓутоа, некои попрецизни информации за овој проект и понатаму останаа мистерија, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Третото место го држи најмасовниот основен борбен тенк од третата генерација што се наоѓа во единиците на руската армија. Се работи за тенкот Т-90 „Владимир“ и неговите модификации. Неговата последна модификација Т-90М „Пробој-3“ според степенот на оклопната заштита и маневарските способности, вклучувајќи ја и огнената моќ, ги надминува американските тенкови од типот на М1 „Абрамс“.

На четвртото место се најдоа привремените, но и понатаму многу актуелни тенкови од семејството Т-54/Т-55. Во текстот се наведува дека овие тенкови учествуваа во бројни локални конфликти ширум светот, каде што се покажаа многу добро (Сирија, Ирак, поранешна СФРЈ).

На крајот на овој список Американците го сместија легендарниот тенк од Втората светска војна - Т-34. Во текстот се потсетува дека ова средство се разликуваше од својот претходник по многу поголемиот степен на оклопна заштита, што им овозможило на оклопните единици на Црвената армија на ефикасен начин да станат поотпорни на дејството на широко распространетите германски противтенковски топови, како што е, на пример, Pak-36. Поради големиот број произведени единици, како и тактиката на советската армија која практикуваше масовни тенковски напади, загубите кај овие тенкови беа забележителни. Меѓутоа, овој податок е последица на недоволно добрата обученост на советските тенковски екипажи, кои честопати успеваа да искористат само дел од неговите борбени можности.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња