Русија префрли во Сирија експериментални елементи на системот С-500 „Прометеј“

AFP
Руската армија префрли на територијата на Сириската Република експериментални елементи на ракетниот систем С-500 „Прометеј“. За време на 24-часовното дежурство руските специјалисти ги проверија сите карактеристики на перспективниот систем и ги отстранија утврдените недостатоци. Од 2020 година се очекува усвојување на првите батерии на овој систем во единиците на ВКС.

Системот за противвоздушна и ракетна одбрана С-500 „Прометеј“ успешно го помина комплексот тестирања во Сирија. Ова го соопшти во средата интернет-порталот „Известија“ повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана и воено-индустрискиот комплекс.

Според овие податоци, во текот на самото тестирање се забележани одредени проблеми при работењето на системот. Сепак, тие во од биле отстранети. Гледано во целина, тестирањата се завршени и оценети како успешни.

Како што изјави за интернет-порталот ТАСС поранешниот заменик-командант на руското воено воздухопловства за прашања на обединетиот систем за ПВО генерал-полковник Ајтеч Бижев, сета техника што треба да влезе во сериско производство мора да ги помине најтешките климатски и технички услови на експлоатација. Според него, овој режим на работа овозможува откривање на потенцијалните недостатоци, кои потоа веднаш се фиксираат и отстрануваат.

„Сирија е одличен терен за реализација на овие тестирања. Таму е секогаш многу топло и има многу прашина. Покрај тоа, радарско-набљудувачката станица мора да работи во полн циклус (24/7) без прекини, бидејќи ситуацијата во воздушниот простор на Сириската Република е многу нестабилна, каде што „ракеташите“ мораат континуирано да обезбедуваат радарска покриеност“, рече Бижев.

Неодамна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека испораката на системот С-500 ќе започне наредната 2020 година. Системот ќе овозможи должина на експлоатација во текот на следните 25 години. Во западните медиуми велат дека тестираниот руски ПВО/ПРО-систем С-500 „Прометеј“ може да погоди цел на далечина од 481,2 км, што е за 80 км повеќе од моментално најдалекуметниот ПВО-ракетен систем на светот С-400„Триумф“.

Ракетниот систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе може да се користи против широк спектар на воздушни цели, од непријателски беспилотни летала па сѐ до објекти во Земјината орбита, како што се сателитите. Борбениот радиус што го покрива С-500 „Прометеј“ изнесува 600 км. Овој систем е способен истовремено да нападне и до десет балистички објекти што се движат со суперсонични, како и со хиперсонични брзини (>7000 м/сек).

Прочитајте повеќе: С-500 - ракетен систем кој ги соборува сите цели

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња