На Урал пронајдени гробишта на пештерски мечки чии остатоци се стари преку 30 илјади години

Костур на пештерска мечка

Костур на пештерска мечка

commons.wikimedia.org CC BY-SA 3.0
Палеонтолози од Екатеринбург пронајдоа на Урал гробишта со десет пештерски мечки чии остатоци се стари преку триесет илјади години.

Тоа за новинската агенција ТАСС го изјави Павел Косинцев, виш научени соработник на Институтот за екологија на билките и животните на Уралското одделение на Руската академија на науки, напомнувајќи дека слична пештера на Урал последен пат била откриена пред шеесет години.  

„Се разбира, пештерата со гробишта на пештерски мечки во која се водеа истражувањата не претставува откритие. Такви пештери се познати на Урал од порано, само што се откриени одамна и што туристите опустошија многу од нив. Последната таква пештера е откриена на Украл во шеесеттите години на минатиот век. Додека оваа пештера во недопрена состојба спелеолозите ја открија дури неодамна, затоа тоа откритие за нас беше неочекувано“, рече Косинцев.

Илустрација на пештерска мечка

Како што наведе тој, во пештерата се пронајдени остатоци од десет мечки кои во пештерата ја минувале зимата. „Според димензиите на пештерата, животните биле значително покрупни од кафените мечки, околу еден и пол пати. Се верува дека тие биле со посветла боја“, рече Косинцев. Во пештерата, исто така, се откриени и траги од ловци кои живееле таму пред четири до пет илјади години.

Остатоците се испратени за понатамошно истражување, научниците треба да го реконструираат изгледот на животните, возраста, начинот на исхрана, со што ќе се позанимаваат руските лаборатории.

Прочитајте повеќе: Руски археолози во Сибир пронајдоа череп на изумрен пештерски лав стар 30 илјади години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња