Реконструкција на возрасен примерок на Panthera spelaea
Sémhur / CC BY-SA 4.0На градилиште во Краснојарск во Сибир руски археолози открија место на кое ловците од каменото доба го уредувале пленот. Меѓу бројните остатоци од животни и орудија за работа, пронајден е и череп на пештерски лав, изјави за агенцијата ТАСС археологот Егор Филатов.
Ископувањата се вршени во делот на градот Јасни каде се градат станбени објекти. Археолошкиот објект потекнува од палеолитот, а пронајдениот материјал е стар дваесет до триесет илјади години.
Цел череп на пештерски лав изложен во Музејот на природна историја во Брно
Public domainЗа време на ископувањето е откриен интересен археолошки и палео-фаунистички материјал. Се работи претежно за коски на коњ, ирвас, елен, азиско магаре и бизон. Меѓу нив се наоѓал и посебно интересен пронајдок - череп на пештерски лав. Во моментов се обработува и наскоро ќе биде составен, така што ќе може да се види како изгледал, рече Филатов, истакнувајќи дека ваквите пронајдоци се многу ретки за Сибир и Русија.
Археолозите пронајдоа голем број на орудија за работа, преку две илјади видови, меѓу кои се најразновидни гребла, шила, секачи. Праисторискиот човек, како што се наведува, ги уредувал труповите на животните, ги сечел коските, добивал коскена срж. Се работи за уредување на животни на местото на колење, а лавот, веројатно, исто така, се нашол таму, рече археологот.
Пештерските лавови се најголемите претставници на целата фамилија мачки. Тие се изумрени денес, а живееле на просторот на денешна Европа и Сибир за време на доцниот плеистоцен (пред 300 до 10 илјади години).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче