Игрите стануваат стварност: Тенкот Т-14 „Армата“ добива дигитална визуелизација

Т-14 „Армата“, Црвен плоштад, Москва, 2019.

Т-14 „Армата“, Црвен плоштад, Москва, 2019.

Комсомольская правда/Global Look Press
Тенкистите ќе управуваат со тенкот Т-14 „Армата“ како гејмерите во видео-игрите.

Членовите на екипажот на тенкот Т-14 „Армата“ фактички ќе бидат „гејмери“, изјави за агенцијата ТАСС генерал Алексеј Маслов, специјален претставник за военотехничка соработка на компанијата „Уралвагонзавод“ (УВЗ).

Според него, Т-14 „Армата“ им обезбедува на тенкистите „нови можности за водење борбени дејствија“. „Тие во суштина стануваат „гејмери​​“. Екипажот гледа сè, меѓутоа преку инструментите. Претходно набљудувавме преку командирскиот триплекс [ламинирано стакло] и нишанот, а овде тенкистите ќе имаат една сосема поинаква психолошка ситуација - ќе се потпираат на уредите“, рече Маслов.

Генералот истакна дека техниката врз база на „Армата“ ќе биде темелот на тенковскиот парк во текот на следните неколку децении. „Тоа се технички сложени машини, но се едноставни за управување и ракување. Во целост е испочитувано барањето на Министерството за одбрана да можат да ги користат како професионалните војници, така и војниците на редовно отслужување на воениот рок“, прецизира тој.

Во септември весникот „Воено-индустриски курир“ (Военно-промышленный курьер) напиша дека блоковите со оптичко-електронска опрема на борбениот модул без екипаж „Бумеранг-БМ“ (кој треба да биде инсталиран во оклопното борбено возило Т-15 „Армата“) „во најдобар случај имаат козирка што ги штити од дождот“. Истиот месец на тоа одговори воениот експерт на списанието „Арсенал Отечества“ Алексеј Леонков, велејќи дека „за прикажување [на паради и на други јавни настани] сѐ така и се прави, а во вистински борбени операции целата таа оптика е заштитена со специјални автоматски капаци од метал отпорен на куршуми и шрапнели“.

Во август „Воено-индустриски курир“ соопшти дека низа системи на вооружувањето на тенкот Т-14 „Армата“ мора да бидат дополнително проверени и тестирани преку експлоатација во воените единици.

Потпретседателот на руската влада Јури Борисов во јули 2018 година изјави дека Вооружените сили на Русија не брзаат со купувањето голем број тенкови Т-14 „Армата“ затоа што се скапи и дека наместо тоа претпочитаат со модернизација да го зголемуваат борбениот потенцијал на постојната воена техника.

Универзалната гасенична платформа „Армата“ е создавана од 2009 до 2015 година. Договорот на Министерството за одбрана на РФ и УВЗ предвидува дека од крајот на 2018 година до крајот на 2021 година ќе бидат испорачани 132 машини направени врз база на платформата „Армата“ (тенк Т-14, оклопно борбено возило на пешадијата Т-15 и оклопно возило за ремонт и евакуација Т-16).

Прочитајте повеќе: Руски експерти го споредија Т-14 „Армата“ со тркачки автомобил

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња