Нешионал интерест: Кои држави од светот сакаат да го купат рускиот тенк Т-14 „Армата“?

Слободан Ѓукиќ
Американските експерти анализираа каква извозна перспектива има рускиот тенк од четвртата генерација и кои земји во блиска иднина би можеле да го набават.

Американското списание „Нешионал интерест“ состави список на потенцијални купувачи на рускиот основен борбен тенк од новата генерација Т-14 „Армата“.

Индија

Индија се котира како земја која е најмногу заинтересирана за евентуална набавка на новите руски тенкови. Т-14 „Армата“ ги исполнува сите барања на индиската програма FCRV во рамките на која се бара нов тенк за нејзината армија. Конкуренција на рускиот тенк може да биде јужнокорејскиот модел К-2 „Црн пантер“. Современите западни тенкови, како што се Абрамс и Леопард 2 се премногу тешки и обемни за Индија.

Конкуренција за „Армата“ може да претставува и домашната концепција на тенкот Арјун Мк-2, но прашање е колку може да се има доверба во овој тенк, со оглед на мошне лошата репутација на неговиот претходник Арјун.

Кина

Без оглед на активното развивање на сопствена тенковска програма, Кина и понатаму продолжува да набавува врвна руска технологија како што се повеќенаменските ловци од генерацијата 4++ Су-35 и ракетниот противвоздушен систем С-400 „Триумф“. Како и во претходните случаи, Кина купува исклучиво најнапредно оружје кое во определениот момент може да се набави, а потоа врз основа на него исфрла свои копии кои се главно со полош квалитет. Значи, во секој случај Кина може да биде мошне заинтересирана за набавка на нова партија на руските тенкови „Армата“ штом тие ќе бидат подготвени за извоз, за да се запознаат со најновите достигнувања на современата технолоија кога станува збор за основните борбени тенкови.

Алжир

Алжир и Русија имаат исклучително добра соработка на воено-технички план која не опаѓа веќе со години. Алжирската армија во своето вооружување има тенкови Т-90, борбени авиони Су-30МКА и Јак-130, борбени оклопни средства за поддршка на тенкови и голем број друга руска воена техника.

Набавката на новите тенкови врз база на „Армата“ од алжирската армија би направила една од најмоќните сили на африканскиот Магреб. Но, со оглед на мошне големиот тенковски парк составен од и понатаму современите основни борбени тенкови Т-90, набавката на Т-14 во блиска иднина сепак би била ограничена поради високата цена.

Египет

Исто како и Алжир, оваа држава активно купува современа руска борбена техника, вклучувајќи и тенкови Т-90С. Треба да се спомене дека Египќаните го одбраа токму рускиот тенк за да ги замени достогашните американски „Абрамси“. Замената е уште позначајна кога се знае дека истата на традиционалниот доставувач на тенковска техника (кој патем речено доста тешко се менува во армиите, секако доколку не дојде до фундаментален пресврт на земјата во геополитичка смисла во однос на претходните позиции) се случува по 30 години.

Значи и на Египет може да се гледа како на држава која може да изрази интерес за набавка на новите руски тенкови. Но, треба да се знае дека дури минатата година започна испораката на Т-90С за египетската армија, така што потпишувањето нов договор од таков формат е малкуверојатно во блиска иднина.

Обединети Арапски Емирати

И на крајот ја имаме богатата заливска монархија која благодарение на „црното злато“ има доволно пари да купи сѐ што ќе посака. Нејзината армија веќе ги користи руските борбени возила за пешадија БМП-3, додека тенковскиот парк речиси во целина е составен од тенкови од францускиот производител Леклерк. Според авторот на овој текст, францускиот тенк не се покажа лошо во Јемен. Сепак, треба да се истакне еден детаљ кој се случи кога една противтенковска ракета од типот „Конкурс“ го погоди овој тенк. Имено, ракетата успеа да го пробие основниот оклоп на тенкот и тешко да рани двајца членови на екипажот, од кои еден почина.

По оваа ситуација ОАЕ сѐ повеќе се распрашуваат кај Французите дали во понудата имаат пакет за модернизација на тенковите Леклер. Доколку Франција не биде во можност на ОАЕ да им ја исполни желбата и не го модернизира тенковскиот парк на овие машини на ниво на својата верзија на тенкот, ОАЕ мошне чесно можат да започна сериозни преговори за набавка на руските тенкови „Армата“ со цел модернизација на своите оклопни сили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња