Руски експерти го споредија Т-14 „Армата“ со тркачки автомобил

Донат Сорокин/TASS
Специјалистите на концернот „Уралвагонзавод“ го споредија тенкот Т-90 со познатиот џип Land Cruiser, а тенкот од новата генерација Т-14 „Армата“ со тркачки болид. Тој има извонредни тактичко-технички карактеристики кои обезбедуваат комфор и целосна заштита за екипажот.

Ова за интернет-порталот ТАСС го изјави Михаил Бегман, првиот човек на групата специјалисти од концернот „Урлавагонзавод“ која ја подготвува оклопната техника пред претстојната Парада на Победата, пренесува интернет-порталот РГ. „Јас би го споредил тоа вака: ако, на пример, тенкот Т-90 го поистоветиме со теренско возило од марката Land Cruiser, тогаш Т-14 „Армата“ можеме да го ставиме во категоријата со тркачки болиди“, рече тој.

Михаил Бегман понатаму додаде дека тенкот е Т-14 многу комфорна машина. Возачот на овој тенк се наоѓа во полулежечка позиција, што меѓу другото го штити од разни опасни ситуации, како што е, на пример, експлозија на противтенковска мина. При удар од ваков тип на детонација, посебно е оптоварен `рбетот на возачот. Сега тоа не е случај, затоа што ударот рамномерно се распоредува по целата должина на телото, што во целост ја намалува можноста од опасни повреди.

Претставникот на овој гигантски концерн со светска репутација понатаму рече дека тенковите врз платформата „Армата“ претставуваат високософистицирана борбена техника. Со овие машини можат да управуваат исклучиво професионалните припадници на руската армија кои ја поминале многу изискувачката обука.

„Армата“ е тешка гасенична унифицирана платформа, врз база на која ќе се развива цела гама оклопни борбени возила како што се ОБТ Т-14 „Армата“, Т-15 и низа други оклопни машини. Основниот борбен тенк Т-14 кој е направен врз шасија „Армата“ првпат беше демонстриран на Парадата на Победата во мај 2019 година.

Прочитајте повеќе: Три руски борбени системи кои немаат аналог во светот

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња