Иако оваа техника не се прикажан за прв пат на манифестациите од овој тип, голем број на домашни посетители и странски специјалисти едноставно го опседнуваа местото каде што беше изложена. Овој пат, организаторите на воено-техничкиот саем „Армија-2019“ овозможија подобар пристап до перспективната оклопна техника. Луѓето можеа директно да пријдат до тенкот Т-14 „Армата“, па дури и да го допрат,
пренесува интернет-порталот РГ.
Исто така, нејзините производители обелоденија одредени податоци кои досега беа во режимот на тајна. Така, на пример, беше објавено дека основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ покрај тенковскиот топ со калибар 125 мм ќе има и еден митралез ПКТМ.
Беа објавени и габаритите на овој тенк. Неговата должина ќе изнесува 10,8 метри, ширината 3,9 метри а висината 3,3 метри. Меѓутоа, најголемо внимание привлекоа податоците за масата на тенкот „Армата“. Имено, овој тенк ќе биде тежок цели 55 тони. Досега, бројни аналитичари шпекулираа дека овој тенк ќе има максимум 48-49 тони, но се измамија.
Иста тежина ќе има и тешкото борбено возило на пешадијата, кое ќе може да транспортира до 12 војници во својот десантен отсек. Годинава ова перспективно возило беше претставено со нова борба купола и основно вооружување кое се состои од 57-милиметарски автоматски топи, во пар со митралез со кал. 7,62 мм и наведувани ракети „Корнет“.
Моторите што ги движат и двете возила генерираат моќ од 1500 „коњи“. Максималната брзина која овие возила може да ја достигнат се движи во опсег од 75-80 км/ч. Со полн резервоар Т-14 и Т-15 можат да поминат 500 километри.
Според мислењето на воените експерти, респектабилната тежина на овие возила која достигнува 55 тони е резултат на исклучително квалитетната работа на руските конструктори кога станува збор за зголемување на нивото на оклопната заштита.
Со оглед на тоа дека оклопните возила Т-14 и Т-15 се значително потешки од нивната конкуренција која се наоѓа во состав на оклопно-механизираните единици на руската армија, инженерските единици ќе ги добијат новите елементи МТУ-2020 за правење понтонски мостови кои можат да издржат оптоварување од 60 тони. Оваа техника првпат ѝ беше презентирана на јавноста на саемот „Армија-2019“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче