Роботот „Фјодор“ ќе стане „татко“ на цел одред роботи-космонаути

Роскосмос/Global Look Press
Во Русија, врз основа на тестирањата на роботот „Фјодор“ во орбитата, се планира создавање на различни роботи што ќе се користат во вселената.

„Прерано е да се каже каков одред ќе биде тоа и кои задачи ќе ги извршува затоа што засега сме во фаза на дефинирање на тие задачи. Со летот на роботот „Фјодор“ проверивме само мал дел од целиот блок задачи што се пред нас“, рече за РИА „Новости“ Евгениј Дудоров, извршен директор на научнопроизводственото претпријатие „Андроидна техника“ (компанијата што го конструираше Фјодор).

„За да ги преземеме следните чекори, треба да го анализираме извршениот експеримент и да ги дефинираме задачите што роботите можат да ги извршуваат на надворешната површина на Меѓународната вселенска станица (МКС) или во поправка на сателити, на Месечината и сл. Сето тоа треба да се преточи во патна карта и да се одреди кои роботи ни се потребни за реализација, дали ќе бидат тоа антропоморфни роботи или роботи-манипулатори“, додаде тој.

Според Дудоров, неговата компанија гледа перспектива во примената на антропоморфни роботи на МВС и на Месечината, но до тоа не треба да се придржува слепо. „Најверојатно ќе се појави цела низа уреди од кои секој ќе биде направен за конкретна задача. Тоа нема да биде еден, па дури ни десетина различни роботи, туку многу повеќе“, објасни Дудоров.

Роботот „Фјодор“ беше испратен во орбитата на 22 август со вселенскиот брод „Сојуз МС-14“. После пет дена, по вториот обид бродот се приклучи на Меѓународната вселенска станица, Со роботот управуваа космонаути. „Фјодор“ изврши низа задачи и се врати на Земјата на 7 септември. По летот, исто така, беше извршено тестирање на овој робот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња